Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски го промовираше проектот за изградба на мала хидроцентрала на реката Коњарка, која се наоѓа во мариовското село Скочивир. За реализација на овој капитален проект пропишани се задолжителни процедури и затоа денеска се одржа јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена и влијанието врз животната средина со што непречено ќе продолжи постапката за изградба на инфраструктура и хидроцентралата во катастарскиот опфат на селото Скочивир, посочи Котевски. Хидроелектричната централа на реката Коњарка ќе биде втор објект на оваа река. Како општина сме заинтересирани за брза реализација на проектот и затоа се што е во надлежност на локалната самоуправа, документација и согласности ќе ги обезбедиме навремено за да инвеститорите пристигнат во нашата општина, нагласи градоначалникот Котевски.
Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски го промовираше проектот за изградба на мала хидроцентрала на реката Коњарка, која се наоѓа во мариовското село Скочивир.
За реализација на овој капитален проект пропишани се задолжителни процедури и затоа денеска се одржа јавна расправа по извештајот за стратегиска оцена и влијанието врз животната средина со што непречено ќе продолжи постапката за изградба на инфраструктура и хидроцентралата во катастарскиот опфат на селото Скочивир, посочи Котевски.
- Хидроелектричната централа на реката Коњарка ќе биде втор објект на оваа река. Како општина сме заинтересирани за брза реализација на проектот и затоа се што е во надлежност на локалната самоуправа, документација и согласности ќе ги обезбедиме навремено за да инвеститорите пристигнат во нашата општина, нагласи градоначалникот Котевски.
Јавната презентацијата ја следеа и претставници на месната заедница од селото Скочивир кои побараа како првата, така и втората хидроцентрала да биде изградена според утврдени стандарди без негативно да се влијае врз квалитетот на водата за пиење што ја користи локалното население, информираат од општина Новаци.